ТЕЦ Неготино годинава ќе купува мазут во вредност од 210 милиони евра, според финансискиот план за 2023 што го објави термоелектраната.

Во планот пишува дека за купување на мазут се предвидени 12.804.773.500 денари. Тоа е двојно повеќе од проекциите за 2022, кои засега се сведуваат на проектирани 5.688.482.926 денари, или поточно 93 милиони евра, објави Фактор.

Вчера, рударско-енергетскиот комбинат РЕК „Осломеј“ беше исклучен од мрежа.

Од „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) информираа дека исклучувањето е плански испланирано, со цел да се спроведат планираните активности за санација на неколку позиции во комбинатот.

Во меѓувреме, додаваат оттаму, сите други капацитети на ЕСМ продолжуваат со работа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.