Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.

Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025).

Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година.

Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.

Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.