Во светот моментално има резерви на шеќер во вредност за уште 68 дена, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство, објави „ЕuroNews“.

Залихите се на најниско ниво од 2010 година. Причината за тоа е невообичаено сувото време, што влијаеше на намалувањето на производството во Индија и Тајланд – земјите кои се втор и трет најголем извозник во светот.

Феноменот „Ел Нињо“ на глобално ниво предизвикува се поекстремни временски услови од суши до поплави. Кога станува збор за шеќерот, нестабилноста е предизвикана од тоа што тој се повеќе се користи за биогорива како што е етанолот, така што светските резерви на шеќер се на најниско ниво од 2009 година, пишува Euronews“.

За Европа, од клучно значење беше тоа што Франција, како главен производител, очекува најслабо сеење шеќерна репка во последните 14 години. Сушата, болестите и пресудата на судот на Европската унија за забрана на пестицидот што се користи за заштита на шеќерната репка резултираше со помали засеани површини во таа земја.

За време на короната Македонија се соочуваше со недостик на сите основни намирници меѓу кои и шекерот. Засега нема информации дали и колку има резерви на шекер и дали овој светски феномен може да нѐ погоди и нас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.