На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која наведе дека се поднесуваат паушални амандмани од пратениците од опозицијата со намера само да се покаже загриженост без да се согледа реалноста која е сосема друга, односно дека веќе има реализирано проекти во Општина Брвеница.

Општина Брвеница има веќе добиено средства од Министерството за животна средина, 500 илјади евра се во прашање, со кои што веќе 90% е реализирана канализација за селата Стенче и Волковија со се пречистителна станица. Затоа вака да се поднесе амандман, без да се до прецизира за каде е пречистителна станица за кои села бидејќи еве го фактот дека веќе има реализирано канализација со се пречистителна станица за две села од оваа општина“, изјави Стојаноска.

Таа исто, така наведе дека веќе се издвоиле средства, дека еден дел од тие средства веќе се поделени на општините. Така дa, се што е во домен на општините на градоначалниците, се што на граѓаните им е потребно дека ќе биде реализирано, со тоа што 250 милиони евра годишно ќе одат за општините.

Така што, луѓе кои што изминати мандати две, седум години во прашање камче не фрлиле, еден асфалт не направиле а ветуваа петстотини километри автопатишта и не знам уште што сега овде да бараат пречистителна станица за општина, онака паушално. Ви кажувам а ми кажаа и мене, дека во две села во таа општина има пречистителна станица, до прецизирајте го амандманот или контактирајте ја колешката“, вели Стојаноска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.