Во државава во септември годинава вкупно се потрошени 434.014 мегават часови електрична енергија, 31.945 милиони нормални кубни метри природен гас, 328.382 тони јаглен и 93.006 тони нафтени продукти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, бруто домашното производство на електрична енергија во септември учествувало со 100 проценти во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 98,6 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Редовниот енергетски биланс што го објавува секој ден Владата покажува дека АД ЕСМ вчера произвеле 10.265 мегават часови електрична енергија од кои во термоелектраните 7.462, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 2.803 мегават часови.
Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 мегават часови електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.