Навреден е, не може да спие и нарушешни му се честа и угледот на политичкиот аналитичар Алберт Мислиу, затоа што оштетените штедачи на Еуростандард банка објавиле дека тој и брат му зеле кредит од банката во висина од 400 илјади евра, а не го вратиле.

Петар Трајков, еден од основачите на здружението за МКД.мк вели дека тужбата што ја добиле индицира дека Муслиу имал последици, откако медиумите, а по претходно добиено соопштение од здружението објавија дека тој и неговиот брат на Еуростандард банка ѝ должат околу 400 илјади евра на име на кредит кој никогаш не го вратиле.

Во тужбата пишува дека тужителот е во тешка психичка состојба и не може да спие. Медиумските написи му нанеле голема штета на угледот. Затоа тој бара оштета од еден милион денари“, вели Трајков.

Муслиу за МКД.мк вели дека обвинувањата на оштетените штедачи не се точни и дека до судското рочиште закажано за 28 ноември нема да дава изјави за случајот.

Адвокатот Љупчо Кузмановски пак вели дека податоците за земениот а невратен кредит на Муслиу се добиени од Извештајот на стечајниот управник на Еуростандард банка и дека тој документ е од јавен карактер, а тужените штедачи се дел од стечајните органи.


Повеќе на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.