ЕУ потврди дека цените, а не платите ја поттикнуваат инфлацијата.

Европската комисија го поддржа ставот на синдикатите дека растот на цените, особено на енергетиката, е примарен двигател на инфлацијата, а не зголемувањето на платите, велат од Сојузот на Синдикати на Македонија.

ССМ заедно со 138.000 работници во јавен сектор од 22.06.2022 година е во генерален штрајк токму за зголемување на платите на работниците во јавениот сектор, а во изминатиот период покрај другото од страна на владините претставници се изнаслушавме изговори дека доколку се зголемат платите, ќе се придонесе до зголемување на инфлацијата што од страна на Европската комисија е потврдено како грешна теза.

Ја потсетуваме Владата дека нашите братски синдикати Европската и Меѓународната конфедерација на синдикати со своите 250 милиони членови застанаа зад ССМ и барањата на работниците и дека истата е должна да го почитува ставот на Европската комисија и веднаш треба да го прифати егзистенцијалното барање на работниците и ССМ за потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор и веднаш да ги зголеми односно усогласи платите на работниците во јавниот сектор за 2806 денари согласно зголемувањето на минималната плата и да има во предвид дека европските вредности се покажуваат на дело, а не со зборови.

Во летната економска прогноза на Еропската комисија беше потврдено дека руската инвазија на Украина изврши дополнителен притисок врз растот на цените на енергијата и храната, што ја намали куповната моќ на граѓаните. Зависноста од руските фосилни горива ја прави економијата на Европската унија особено чувствителна, а се очекува дека во остатокот од годината економската активност ќе се намали, економијата на ЕУ ќе се

прошири, но со многу побавно темпо отколку што се очекуваше во прогнозата за пролет 2022 година.

Ова доаѓа откако Европската централна банка потврди дека „многу фирми би можеле да ги прошират своите профити, што честопати имплицира дека потрошувачите, наместо акционерите, го сносиле најголемиот дел од инфлацискиот шок“. Бројките на Евростат, исто така, покажуваат дека европските компании го зголемиле својот удел во профитот од почетокот на пандемијата.

Европската конфедерација на синдикати – ETUC бара од европските власти да ги разгледаат следните политики како приоритет:

• Дополнително оданочување на добивката, особено кога се зборува за големи енергетски компании. Ставот на синдикатот е дека приходите треба да се искористат за ублажување на растечките нееднаквости и создавање квалитетни работни места преку инвестирање во праведна транзиција кон зелена економија.

• Зголемување на законските минимални плати, во земјите каде што постојат такви закони, и повторно започнување на колективното договарање, особено на секторско ниво, за да се обезбеди правичен раст на платите.

• Рефинансирање и продолжување на механизмот за итна поддршка на ЕУ за SURE за стабилизирање на економијата и заштита на работните места.

Лиина Кар, секретар на Европската конфедерација на синдикати – ETUC, изјави дека работниците биле принудени да платат за кризата во која немале никаква улога во создавањето, додека извршните директори и акционерите додаваат дополнителни нули на нивните банкарски сметки. Корпорациите им нанесоа на работниците двоен удар – вредноста на нивните плати е десеткувана, додека во исто време се очекува да плаќаат повисоки цени за секојдневните потреби, велат од ССМ.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.