Бизнис консултантот, Синиша Пекевски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека власта не успеала да се снајде и навремено да реагира за да ги ублажи последиците од војната во Украина иако имале сознанија за конфликтот неколку месеци пред почетокот на руската офанзива.
Македонија воопшто не се снаоѓа. Нема ниту план Б ниту Ц, што во услови кога се случуваат одредени предизвици…ако нашите институции знаеле дека ќе има криза, требало да се спремат и за енергетска криза, оти еден од клучните моменти ако се случи конфликт е дека цената на енергенсите драстично ќе пораснат. Наместо да потпишат добри, подолгорочни договори, ние го преспавме тој момент, вели Пекевски.
Според директорот во Макстил, Петар Јанески, правната несигурност и апсурдностите со кои би можело да се сретнат инвеститорите има мошне неповолно влијание врз бизнисот и може да ги доведе до момент на одлука да ја напуштат државата.
Сите вакви апсурди, со коишто се соочуваме секој ден, многу негативно влијаат на стопанството. Се појавува парадокс каде што треба да размислуваат дали да го одржат бизнисот, од аспект на инвестиции или да гледаат што може да спасат, да си ги соберат парталите и да си одат, вели Јанески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.