И оваа недела веб сервисот Ценометар.мк беше на терен низ најголемите маркети во Македонија, и покрај најавувањата од Владата и Министерството за финансии, за смрзнати маржи, забележително беше драстично поскапување кај многу производи!

Едни од најдрастично поскапените производи, во најголемите трговски ланци како КАМ, Стокомак, Рамстор, Тинекс и Кипер се следните:

Табла јајца 30/1 поскапена од 172 до 225 денари – поскапување од околу 40 денари
Мало пакување јајца 10/1 – поскапено за 10 денари
Говедското свежо месо е поскапено за 80 до 100 денари
Свежо пиле – поскапено од 30 до 60 денари по килограм
Свеж пилешки стек – поскапен за 30 до 40 денари
Замрзнати батаци 10 до 20 денари поскапување
Пивата генерално поскапени за над 10 денари по литар
Риба ослиќ – поскапена за над 10-15 денари
Паштета аргета пилешка – поскапена за 2 денари
Брашното или е повлечено од рафтови или е поскапено за отприлика 10 денари зависно од маркет до маркет
Маслото за јадење поскапено за 5-10 денари во одредени маркети
Овошјето и зеленчукот немаа позначителни промени, но го нема на рафтовите

Оттука, можеме да заклучиме дека ценовната спирала е без контрола ослободена!

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.