Поранешниот министер за финансии Трајко Славески е песимист дека нешто значајно може да се направи сега, од оваа перспектива, за да се преживее, како што ја нарекуваат „една од најтешките зими по децении“. Во интервју за порталот Локално Спавески зборува за новите задолжувања на Македонија во ММФ, за економската криза која прераснува фо финансиска, за зголемувањето на платите, но и покачената инфлација.

Ковачевски вели дека таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат, како еден од начините за намалување на трошоците, согласно со Планот за фискална одржливост што го усвои Владата за буџетските корисници. Како ја оценувате оваа мерка?

– Премиерот Ковачевски и неговите гласноговорници до само пред некој ден се фалеа со растот на платите (а платите реално опаѓаа во изминатите две години заради високата инфлација). Не е далеку од вистината, дека наводниот раст, односно илузијата дека платите се зголемуваат, заради неуспесите на речиси сите полиња, беше единствената карта на која СДСМ и нивните коалициски партнери планираа да настапат пред гласачите на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Сега ќе ги намалувале платите во јавната админстрација и тоа, внимавајте, кога се уште не е применет членот 8 од Закон за минималната плата за усогласување на платите со порастот на минималната плата и покрај истекот на рокот од шест месеци предвиден за тоа, за што синдикатите имаат доставено и тужба пред надлежен суд! Станува збор за уште еден недоволно обмислен потег на Владата кој ќе има повеќе негативни од позитивни ефекти.

Што според вас, како поранешен министер за финансии треба да се направи на краток рок за да се преживее, како што ја нарекуваат „една од најтешките зими по децении“?

– Многу малку може да се направи. Сведоци сме дека властите трескавично се обидуваат да обезбедат енергенси за работа на топланите во главниот град, со кои се загреваат не само над 50.000 домаќинства, туку и голем број државни институции, училишта, детски градинки, факултети, објекти од областа на културата, трговски објекти, административни згради и сл. Сé се сведува на „надеж“, а едноставно правило е дека надежта не е план. Проблемите ќе беа посовладливи доколку не се доведевме во ситуација да имаме историски најниско домашно производство на електрична енергија. Иако државата не може да ги заштити сопствените граѓани од секаков вид на ризик, сепак нашата држава е исклучително неподготвена и останува да се надеваме на поблага зима (простете, но ова не е план!) и максимално да штедиме енергија во домовите и на работните места.


Повеќе ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.