Вчерашното силно невреме со врнежи од град што го зафати Прилеп и околината предизвика голема штета на земјоделските површини и култури.

Како што известуваат од ЦУК, најмногу врнежи од град со големина на лешник имало во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.

Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од Комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – подрачното одделение во Прилеп, заедно со Комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.