Владата, преку Министерството за транспорт и врски и „Железници – Транспорт АД-Скопје“ донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај и тоа:

– Бесплатен превоз на млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот

– Бесплатен превоз на стари лица, жени до 62 години и мажи до 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела);

– Бесплатен превоз за студенти секој четврток

– Бесплатен превоз за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници за 2022 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.