Од СДСМ, преку партиско соопштение, велат дека мерката „Мој ДДВ“ е една од најуспешните мерки на концептот на партијата, парите назад кај граѓаните.

За четири години од спроведувањето на оваа мерка, СДСМ кај граѓаните врати 107,5 милиони евра.

Тоа се сериозни средства што државата директно ги исплаќа на сметката на секој регистриран корисник.

Само за последното тромесечје, за месеците април, мај и јуни, граѓаните ќе добијат 11,2 милиони евра, а исплатата на овие средства ќе се одвива во месец август.

За успешноста на мерката „Мој ДДВ“ говори и бројот на регистрирани корисници кој постојано расте и денес изнесува 538.919.

Покрај приход плус во семејствата, оваа мерка даде и позитивен ефект врз намалувањето на сивата економија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните, се вели во партиското соопштение на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.