Се очекува наредното зголемување на пензиите во март идната година да изнесува околу 6 проценти, со што пензиите во период од 12 месеци, ќе се искачат за околу 16 отсто, соопшти владејачкиот СДСМ, коментирајќи дека од почетокот на годината пензиите на сите 330.000 пензионери се поголеми за 10 отсто.
„Согласно новата методологија, пензиите годинава се покачени во два наврати, во септември за 6,8 отсто и претходно во март за 2,9 проценти. На ниво на просечна пензија само со последното покачување од 6,8% значат дополнителни 1.200 денари месечно плус за пензионерите кои примаат просечна пензија а повеќе и за оние со над просечната пензија“, наведе СДСМ.
Растот на пензиите се должи на новата методологија, според која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.
„Воспоставениот метод за усогласување на пензиите, утврден низ инклузивен пристап и дијалог со засегнатите страни гарантира, системско, а не паушално, зголемување на пензиите, независно од нечија политичка волја. Благодарение на одговорните политики на СДСМ денес пензискиот фонд е стабилен, пензиите растат и се исплаќаат навремено“, се додава во соопштениетое на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.