Со навремени и ефикасни политики Владата предводена од СДСМ ја одржува стабилноста на домашната економија, енергетскиот сектор, производството на струја и силно ја субвенционира цената на струјата за граѓаните. Обврска на државата е да се заштитат граѓаните и домашниот буџет. Затоа домаќинствата за сметките на струја плаќаат 20 отсто, а 80 отсто се субвенционира цената од страна на државата“, рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој посочи дека „се подготвуваат и нови антикризни мерки. Со ребалансот на буџетот веќе се обезбедени 76 милиони евра за антикризни мерки коишто како пакет се подготвуваат за четвртиот квартал оваа година. За непречено снабдување со струја и топлинска енергија Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија“.

Костовски вели дека „домашното производство на струја ќе ја обезбедува целата потребна енергија и максимално ќе се зголеми. Тука се и задолженијата за штедење на електрична енергија во институциите, со кои од наредниот месец секоја институција ќе ја намали потрошувачката на струја за најмалку 15 отсто“.

„Од наредниот месец следува големо покачување на пензиите, според новата методологија на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и на платите. Платите континуирано се зголемуваат. Според последните официјални податоци, просечната плата во јуни се искачи на 31.869 денари. Покачување на платите од септември ќе има во одбраната, полицијата, образованието и детската заштита“, вели тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.