Со намалување на цените на стотици производи и со постојаното покачување на платите и пензиите, СДСМ презема конкретни мерки за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните, велат од владеачката партија.

Минималната плата е покачена од 8.900 денари во 2016 година на 20.175 денари, просечната плата сега е над 36.000 денари, а пензионерите од наредниот месец ги очекува зголемување на пензиите за нови 6 отсто. Од 2017 година наваму една минимална плата и една просечна плата ја надминуваат вредноста на потрошувачката кошничка. На пример во 2022 година, 36.000 денари просечна плата + 20.175 денари минимална плата се поголем приход од 50.000 денари. Тоа никогаш се нема случено пред 2016 година, за време на владеењето на ДПМНЕ, велат од СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.