Кратете трошоци, инсталирајте фотоволтаични централи. Само со намалување на потрошувачката за електрична енергија фирмите ќе може да ја пребродат зимата, апелира индустриската комора, објави Телма.

Сојузот на стопански комори на Македонија испорача 15 барања до владата, засега ограничувањето на маржите на електричната енергија е прифатено. А, владата дополнително од 50 на 20 проценти ја намали и маржата за електричната енергија која се испорачува од краен снабдувач, односно ЕВН Снабдување.

Министерот Бектеши тврди дека дел од јавните институции, општини, основни, средни училишта, но и фирми се самите виновни што сега добиваат за 50 отсто повисоки сметки, затоа што тие не успеале на време да склучат договори за снабдување со струја. Се погласни се најавите дека освен компаниите се загрозува и функционирањето на општински и државни институции, каде што сметките за струја скокнаа неколкукратно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.