Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од јануари минатата година до 30 јуни годинава издадала лиценци на 545 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 270 MW.
Како што соопшти денеска РКЕ, со инсталираниот капацитет може да се задоволат потребите на над 104 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 13 градови од државава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.
Претседател на РКЕ Марко Бислимовски информира дека за шест месеци РКЕ издала лиценци на 278 централи, што е поголем број од централите што се стекнале со лиценци во 2022 година.
-Интересот кај компаниите е со зголемен интензитет, што се гледа и по бројките кои ги објавуваме и затоа се регистрира намален увоз на електрична енергија од 13 проценти годинава, за разлика од традиционалните 30 проценти, вели во пишана изјава Бислимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.