Регулаторната комисија за енергетика в петок (29.07) ќе одлучува за цената на парното, што зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани. Сите најави во Европа се дека доаѓа најтешката зима, што ги подгреа стравувањата како ќе се затоплат домовите на граѓаните, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат, пишува „Дојче веле“.

Ситуацијата е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ). До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.