Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) се уште нема информација до каде е постапката за избор на нов Универзален снабдувач со електрична енергија.
-Се уште немаме информации. Постапката мора да заврши до 17 април, така што има доволно време за да се заврши целата процедура. Верувам дека во наредните две недели ќе се заврши целокупната постапка, вклучувајќи ја и електронската аукција, рече претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.
На актуелниот Универзален снабдувач ЕВН Хоум на крајот на јуни годинава му истекува петгодишниот договор за снабдување со електрична енергија на корисниците на регулираниот пазар. Поради тоа Владата објави нов повик за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија што ќе ги снабдува корисниците на регулираниот пазар во наредните пет години, на кој покрај ЕВН Хоум аплицираа и ЕСМ и ЕДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.