Граѓаните кои имале неквалитетна испорака на топлинска енергија, треба да добијата и помиски сметки за парно греење- соопштија од регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните ги очекуваат јануарските сметки за парно кои треба да бидат повисоки за 14%…
Побаравме од снабдувачите со топлинска енергија да донесат решенија кои ќе соодветствуваат со фактичката состојба утврдена на терен при извршената проверка, откако потрошувачите се пожалија дека имаат пониска температура или радијаторите им се ладни. согласно правилникот, снабдувачот е должен да донесе решение со кое ќе се коригира сметката, во зависност од тоа колку отстапува температурата од онаа што е пропишана, наведуваат од регулаторната комисијата.
Во јануари ЕСМ влезе во БЕГ со што го презеде снабудувањето со топлинска енергија … договорот е до понеделни по што се очекува да се направи нов и за февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.