Од утре, први јуни се очекува дополнително да поскапат основните прехранбени продукти бидејчи завршија дел од антикризните мерки. Од 1 јуни со враќањето на ДДВ-то, лебот, брашното тип 400, шеќерот, путерот, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата и тестенините автоматски поскапуваат за 8-10%. Ќе се укине и мерката бесцарински увоз на суровини за месната индустрија. Со укинувањето на сите овие мерки, инфлацијата станува закана за граѓаните, кои велат дека цените се превисоки.
Поради ова најавено зголемување на цените, граѓаните поитаа во маркетите, каде што веќе се создаваат редици. Најчесто се купува брашно и зејтин.
Според статистичките податоци, во април, цените на мало се зголемија за 10-11%.
Претходно, граѓаните побрзаа да ги наполнат резервоарите поради вечерашното големо зголемување на цените на горивата.
Откако Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени од полноќ, се создадоа големи редици на влезовите на бензиските пумпи.
Од полноќ, 1-ви јуни малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 104,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 106,50 ден/лит. Литар дизел ќе чини 95 денари.
Цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за осум и пол денари за литар и ќе изнесува 93 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.