Во Собранието денеска e ратификуван Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово, потпишан во Скопје, на 16 септември 2021 година.
Министерот за економија, Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил соопшти дека овој Договор ќе придонесе во развојот на односите во областа на туризмот меѓу двете земји.
Нашите земји ќе ги преземат сите неопходни мерки за промовирање и поттикнување на развојот на туристичките односи, за олеснување на туризмот со поддршка на туристичките агенции и други структури и организации кои работат во областа на туризмот, напиша Бектеши.
Со Договорот ќе се создадат поволни услови за инвестиции во областа на туризмот, како и можности за размена на искуства за стручно оспособување кадри од туристичката индустрија од други земји, ќе се поттикне реализацијата на целите на двете земји, а ќе се поддржуваат и во регионалните туристички интеграции.
Овој Договор, кој денеска го ратификуваше Собранието на Македонија, ќе важи за период од пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.