Наместо 30 боледувањето кое паѓа на товар на работодавачот да се скрати на 15 дена. Ова е барањето на Организацијата на работодавачи за да се намалат злоупотребите од страна на работниците. Лажните боледувања се се почести, а ги има и во приватниот и во јавниот сектор, вели Димитров. Затоа во консултациите со Министерството за труд, околу новиот Закон за работни односи бараат да се внесе и ваквата одредба.

Зелено светло за кратење на боледувањето што го плаќаат газдите од министерството за труд има, но крајниот збор треба да го даде Фондот за здравствено осигурување. Во предлог законот за работни односи вметната е одредбата за докажување на боледувањето од страна на Наделжен орган. Но работодавачите бараат да се прецизира – кој ќе биде тој орган? Дали државата или   самите газди?

Фондот за здравство нема податоци колку боледувања се издадени лани. Последните бројки се за 2021 та година – кога имало 3.044 боледувања до  30 дена. Но дали и колку од нив биле лажни, нема информации.  Од таму само велат дека 10% од парите на фондот одат  на боледување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.