Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за
висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка.
На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која
банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.
„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.
Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.