Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.

Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.

Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.700 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.850 денари.

Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 вработени во јавниот сектор, a некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.

Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.