Ѓорѓи Манасков, претседател на стопанската комора за енергетика на Македонија го повикува на тв-дуел Штефан Петер, претседател на Управен одбор на ЕВН за да разговараат за електро-дистрибутивнат мрежа, хидроцентралите и објектите.

Тој нека одбере на која телевизија, датум и час, вели Манасков.

Го повикувам на дуел Штефан Петер за да разјасниме зошто електро-дистрибутивната мрежа, хидроцентралите и објектите, мора да ги врати на државата и плати сите штети на граѓаните и компаниите…

Да разјасниме со докази :
– Како го имаат купено ЕСМ и за колку? ( споредено со реални пресметки и докази колку чини!!!.),
– Како работи далечински софтверот на терен за мерните броила и како може да се додава киловати ?
– Зошто ни една Акредитирана компанија не ги контролира на терен и си прават што сакаат ?
– Со кој број лицеца за ИЗВРШУВАЊЕ вршат прекин на струја и по кој закон?,
– Кој им дава право да пријавува исклучување струја на цело производство, а штетата која ќе ја направи ЕВН не сноси одговорност…
– Зошто пријавуваат инвестиции дека инвестираат, а тоа со пари од граѓаните и компаниите кои се принудени и уценувани да си платат?,
– Зошто парите од инвестиции на граѓани и компании за трансформатори , кабли им ги одземате со уцена и ги прикажувате од ЕВН како да ги инвестирала ?…
– Дали во договорот кога ја земавте ел.дистриб. мрежа, стои дека компании кои ќе побараат приклучок Вие смеете да ги одбиете и тоа во строг центар на Скопје, ололу 500 компании !!!…
– Дали ги имате прочитано кривичниот закон и последиците , како и законот за човекови права , кај нас, во Стразбург и во Вашингтон и т.н.
…….
И уште 100-тина причини зошто мора ВЕДНАШ, Електро-дистрибутивната мрежа, хидроцентралите и објектите, да ги вратите на државата и платите сите штети на граѓаните и компаниите…, вели Манасков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.