На Владината седница, што се одржа попладнево преку видео конференциска комуникација, е донесена и Одлука за престанување на важење на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки.

Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено).

Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград, а со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.