„Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина.“ истакна Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишувањето на договорот за исплата.
Министерот го потенцираше сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата, во наредниот период во фокусот ќе бидат задоволни земјоделците како и вработените во државните институции. За само педесет дена работа, оваа Влада на чело со Премиерот Мицкоски работи посветено во решавање на проблемите кои ги наследивме од претходната Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.