Првиот човек на Исламската верска заедница Шаќир Фетаху на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ќе се апелира до џамијата да заштеди што повеќе електрична енергија. Фетаху најави дека џамиите трошат многу малку струја.
„ИВЗ нема многу проблем со рационално трошење енергија затоа што секогаш сме користеле струја во нашите објекти на многу рационален начин бидејќи сите наши објекти се финансирани од самите верници и ИВЗ со своите муфтии и поглаварите на џамиите се многу внимателни во потрошувачката на струја. Значи меѓу населението сме познати по многу мала потрошувачка на струја, ја имаме и оваа верска, институционална и социјална обврска“, изјави Шаќир Фетаху, претседател на БФИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.