Под покровителство на владите на Србија,  Македонија и Албанија од денеска во Белград  се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан.

Саемот ќе биде официјално отворен во 13 часот на Белградскиот саем во Хала 1, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.

Саемот се одржува во рамки на инцијативата „Отворен Балкан“ посетителите ќе имаат можност да дегустираат храна, врвни вина и да се запознаат со туристичките потенцијали и понуди. Но посетителите нема да имаат можност да пробаат македонски производи бидејќи како што вчера објави „Република“, Владата на излагачите им забранила да го употребуваат националното лого на своите производи.

Македонија на Саемот ќе се претстави под слоганот „Вкуси го животот”, со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна. Промовирани ќе бидат македонската автентична кујна и преку 300 различни вина и ракии а ќе настапува  Влатко Стефановски.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.