На покана на српскиот министер за земјоделство и вицепремиер Бранислав Недимовиќ, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, го посети саемот „Агро Белград 2022“.  Се работи специјализиран саем посветен на овоштарството, лозарството и градинарството е добра можност земјите учеснички, вклучително и македонските компании, да ги претстават на автентичен начин своите производи на пошироката јавност и да направат нови контакти за зголемување на извозот и освојување на нови пазари.

Во своето поздравно обраќање, министерот Николовски ги потенцираше придобивките од Иницијативата „Отворен Балкан“ и од учеството на ваквите самески манифестации. 

Прво видов како македонскиот ајвар од Гевгелија до Блеград стигнува за само неколку часа, без царински процедури без чекања без дополнителни трошоци со признавање на сите анализи. Неколку часа се потребни од Македонија до тука, до секое семесјтво, до секоја полица да се најдат нашите македонски производи вклучително и прозиводите на сите земји вклучени во оваа одлична иницијатива. Драго ми е што повторно имаме девет македонски компании коишто се претставени тука и како министерство ќе ја продолжиме поддршката за саемските манифестации. Македонија е лидер во искористеноста на европските ИПАРД фондови, ние сме целосно фокусирани на преработувачката индустрија, на мерките за младите, за жените, на дигитализацијата на земјоделството, на инвестиции во преработувачките капацитети, на иновациите, на ставањето во функција на развојот на сите природни ресурси коишто ги имаме, и секако дека оваа година ќе понудиме нови мерки и политики и за директни плаќања и за рурален развој“, изјави Николовски.

 При тоа, министерот Николовски потенцираше дека Македонија е земјоделска земја, над 20% од БДП отпаѓа на земјоделството и најголем дел од луѓето се ангажирани токму во земјоделството.

Ваквите саеми и иницијативата „Отворен Балкан“ со отворените граници ќе придонесе земјите од регионот и сите останати, успешно да разменуваат искуства, практики и знаења што ќе овозможи поинтензивна и зголемена економско-трговска соработка во регионот, рече министерот Николовски.

 На годинешниот саем „Агро Белград 2022“  има македонски штанд, на кој учествуваат девет домашни компании. Нивното учество е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.  На 30.000 м2 претставени се реномирани домашни и странски излагачи и брендови, меѓу кои и претставници на најголемите светски компании од областа на земјоделските машини, системите за наводнување, градобијните системи и возилата за испорака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.