Од денеска стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

Како што рече министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, пеќатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки,…

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.