Работните групи меѓу Македонија и Бугарија продолжуваат да разговараат околу извоз на струја за земјава и мислам дека досега ќе најдеа решение, но проблем се процедурите, имајќи предвид дека Софија е членка на ЕУ, изјави денесја претседателот Стево Пендаровски во одговор на прашање на МИА, околу текот на преговорите меѓу двете држави за набавката на електрична енергија.

Две работи се важни во разговорите – цената и количината, мислам дека двете страни во тој дел не се толку далеку, колку што се проблем процедурите, бидејќи Бугарија сепак е членка на ЕУ и не смее да ги крши европските правила и процедури, нагласи Пендаровски, кој денеска престојуваше во Софија на ознчувањето на стартот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

Пендаровски потенцира дека Бугарија мора да ги почитува правилата и процедурите на ЕУ, бидејќи она на што е европска директива е практично закон во една земја членка на Унијата и со нивно евентуално кршење би подлежела на кривична одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.