Претседателот Стево Пендаровски, денеска е во посета на Бугарија каде треба да се одбележи протокот на гас во интерконекторот меѓу Бугарија и Грција, а од кој во иднина и Македонија треба да добива азербејџански гас.
Претседателот на својот Фејсбук профил објави фотографија со Фон дер Лајен, со која беше планирана средба во Софија.
– Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во Софија разговаравме за текот на скрининг процесот и енергетската криза. Се надеваме на поддршка од Европската Комисија во справувањето со енергетската криза во духот на европската солидарност – напиша тој на ФБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.