Со последната одлука на РКЕ, од утринава на полноќ (00.00 часот 29.11.2022 година) е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалени за 2,00 ден/литар, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), е намалена за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) е намалена за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е зголемена за 0,027 ден/кг.

Со тоа, малопродажните цени на горивата се следните:

ЕУРОСУПЕР БС-95  – 84,50 ден/лит

ЕУРОСУПЕР БС-98  – 86,50 ден/лит

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 86,50 ден/лит

Екстра лесно масло за домаќинство на (ЕЛ-1) – 82,50 ден/лит

Мазут М-1 НС – 41,810 ден/кг



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.