Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на одлуката од 25.10.2022 година.
Според таа одлука, која стапи на сила од 00.01 часот на 28 октомври:
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 28.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС-95 90,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 90,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,50 (денари/литар)
Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,483 (денари/килограм)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.