Со одлука на Регулаторната комисијата за енергетика, од утринава на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 е намалена за 1,50 ден/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалени за 3,00 ден/литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) е намалена за 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена Мазутот М-1 НС, пак, е зголемена за 0,028 ден/кг.

Од 25.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.