Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), донесе одлука за нови цени на горивата од вечерва на полноќ.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 86,00 ден/лит и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,346 ден/кг, соопшти РКЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.