Од 1 јануари поскапува паркингот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што информира концесионерот „ТАВ Македонија“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа. Затоа, пак, за 50 денари поскапува паркирање на аеродромот за три до четири часа, односно наместо 250 ќе чини 300 денари, 400 денари ќе биде паркирање од 4-6 часа, 500 денари од 6-8 часа, а 1.000 наместо 850 денари од 8-24 часа.

За 1.000 денари поскапува паркирањето на неколку дена, па така од три до пет дена паркирањето ќе чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден ќе се плаќа по 400 денари.

И понатаму останува бесплатно паркирање од 10 минути пред терминалната зграда, каде е овозможено кратко застанување за испраќање и пречекување патници. Доколку возилото се задржи повеќе од 10 минути се плаќа билет од 500 денари.

На Меѓународниот аеродром Скопје има 1.200 обележани места за паркирање автомобили и 6 обележани места за автобуси. Плаќањето за паркинг услугите се врши преку автоматски машини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.