Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5 денари, 81,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98, а 76,5 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).
Поевтинува и Мазутот М-1 НС, за 0,256 денари, и килограм ќе чини 42,517 денари, а не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), односно останува 75,5 денари.
Со Одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 проценти во однос на одлуката од 20 ноември годинава.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,436 проценти, кај дизелот за 0,431 процент, кај екстра лесното масло за 1,330 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,923 проценти.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,419 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.