Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и денеска ќе носи одлука за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Одлуката, како што изјави портпаролката на РКЕ Марина Узинов, ќе биде соопштена во текот на денот.

Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе одлука која ќе биде на сила од 00:01 часот (на полноќ) 18.03.2022, изјави Узунов.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.