Начелна согласност за продолжување за завршување на проектот и изградба на пругата на Коридор 8 е постигнат, а министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски, изјави дека проектот ќе мора да се смени бидејќи за постоечкиот проект и цена нема согласност од македонска страна.
Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас сеуште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи дали ќе работиме нов, ќе видиме, изјави Николовски за „Телма“.
Во официјалното соопштение на Министерството за транспорт и врски стои дека единствен прифатлив услов на Македонија за реализација на пругата е ако Бугарија почне со проектирање на тунелска цевка, а двете земји заеднички извршат пробивање на тунелот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.