Покажавме дека може поинаку, дека можеме подобро. Преку конкретни мерки и политики, што заедно со земјоделците ги креиравме овие години, докажавме дека водиме искрена грижа за секој еден земјоделец, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната средба со земјоделците во Свети Николе.

„Секојдневно на терен меѓу вас земјоделците. Директно од вас ги слушаме предлозите и проблемите и заедно со секој еден земјоделец ги креираме решенијата. Така креираните мерки, секогаш докажано даваат резултати“, истакна министерот Николовски.

Тој посочи дека заедно со земјоделците креирале нов модел за субвенционирање, во овие четири години исплатени биле 560 милиони евра субвенции, за над 75.000 полјоделци, тутунари, лозари, градинари, овоштари, сточари, пчелари и органски производители.

-Земјоделците веќе навикнаа и знаат, со нас, дека секоја година креираме нови мерки, развивајќи го се повеќе македонското земјоделство. Нема еден сектор, една култура во земјоделството, каде не се зголемени субвенциите, каде не сме креирале нови мерки, истакна министерот Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.