Брашното, зејтинот и млекото нема да недостигаат на ниту еден граѓанин во државата и покрај кризата и поскапувањето на цените на прехранбените производи – уверува министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Ако има недостиг на храна, договорено е резерви да се обезбедат со земјите потписнички на договорот за неограничена трговија со храна во рамките на Отворен Балкан, односно Албанија, Македонија и Србија.

Граѓаните се револтирани од континуираното поскапување на храната, особено млекото и лебот.

„Млекото секој ден поскапува. Не е нормално, нас не не прашуваат“, рече еден граѓанин.

„Кога имаме пари купуваме, а кога немаме не. Ќе седиш без млеко. Некој нема ни плата и не може да врзе крај со крај“, дададе еден граѓанин.

Последниве денови, цената на млекото за еден литар се искачи на околу 90 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.