Фудбалската ѕвезда Неjмар во април годинава потпишал договор со кој станал глобално заштитно лице на германскиот производител на урбани електрични возила „Некст е.ГО“ (Next.e.GO Mobile SE), компанијата за која македонската влада вчера најави дека ќе отвори своја фабрика во Тетово.

Славниот бразилски напааѓач, кој игра во ПСЖ, во улога на „глобален амбасадор на брендот е.ГО“ на 5 мај во Берлин, ја промовирал новата линија производи на е.Го, начена и-вејв, икс (e.wave Х). Произвoдителот притоа претстави и ограничена едиција од автомобилите e.wawe NJR наречена според иницијалите на Неjмар Џуниор, како што се претставува фудбалерот.

Најавата е дека компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ“ од Ахен,Германија ќе произведува возило во Тетово. Но, зад оваа компанија стои Лазим Дестани од фирмата „Еколог“ .Тој е познат како поддржувач на ДУИ и сопственик на Шкендија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.