Владата вчера се пофали дека во Тетово ќе се прават електични возило.Звучи убаво,особено со трендот што ја зафати Европа за електрични возила, особено по најавата на ЕУ дека за десетина години ќе се забрани производство на возила на бензин и на дизел.

Најавата е дека компанијата „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ“ од Ахен,Германија ќе произведува возило во Тетово. Но, зад оваа компанија стои Лазим Дестани од фирмата „Еколог“ .Тој е познат како поддржувач на ДУИ и сопственик на Шкендија. Синоќа Дестани со раководството на ДУИ беше на „Градски“ на натреварот Шкендија-АИК.

Треба да се напомене дека за изградба на оваа фабрика владата на ДУИ ќе даде 130 милиони евра помош.

КАКВА ФАБРИКА Е „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ “

Порталот „automedia.mk“ во сериозна анализа пишува дека оваа фирма не успеала да се наметне на домашниот, германски пазар и дека работи со многу проблеми.

Фирмата била и пред затворање и возилото „e.Go“ никој не го сакал дури и со пристапни цени за германски услови.

Се обиделе и со субенции кои ги нуделе германските власти но и тоа не вродило со пораст на продажбата.

Целата замисла пропадна откако Германија воведе субвенции за електрични автомобили. Поточно, крајот за Next e.GO Mobile дојде кога германските власти ги зголемија субвенциите. Производителите учествуваат со 3.000 евра во субвенционирањето на електричните автомобили, државата на тоа додава уште 6.000 евра. Тие 3.000 евра за Next e.GO беа премногу. Заработката што компанијата имаше намера да ја постигнува, доколку еден ден се оствареше првичната намера за e.Go да почне да се произведува во нормална серија, беше помала од субвенцијата од 3.000 евра, што производителот требаше да ја „одзема“ од цената на автомобилот-пишува „аутомедиа.мк“.

Ренимираниот весник за автомобили „Аутобилд“ пак „е.GO“ по прогласил за најлош автомобил на сите времиња.

 

И Бугарија сакаше да го прави

И бугарските власти потпишаа меморандум за производство на ова возила со помош од 140 милиони евра но најверојатно се откажаа од инвестицијата.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.