Сојузот на синдикати на Македонија денеска пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред се измените на Законот за работни односи ги повикаа пратениците да размислат како ќе гласаат.
– Повикуваме на разум, на почитување на човековите и работничките права, на почитување на цивилизациската придобивка, 8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа одмор. Ги повикуваме пратениците да ни се приклучат на нас работниците, на нас синдикатите, на апелите на европските и светските синдикати, на апелите на Европската комисија и ЕУ амбасадорот во Македонија, на експертите, на граѓаните и да се спротистават на воведувањето на 72 часовна работна недела за огромен број на работниците и ги повикуваме на секој начин, со сите механизми да се борат против нечовечките и неевропски вредности што сака да ги наметне една група на пратеници и неколку министри, се вели во апелот од ССМ.
Од ССМ ги повикуваат и пратениците од помалите политички партии да покажат, како што велат, големина и дека и тие се важни и значајни во Парламентот и да се спротистават на предлогот на Законот за работните односи.
– Да не дозволиме сите заедно воведување на 12 часовен работен ден, 6 дена во неделата, а пратениците од сите политички партии ( големи и мали) да се охрабрат и да не прават кворум во Парламентот за гласање на Законот за работните односи со кој со злоупотреба на европско знаменце се силуваат работничките права, велат од ССМ.
Предлог-измените на Законот за работни односи се ставени како 14 точка на дневен ред на денешната пленарна седница. Измените го поминаа првиот собраниски филтер во Комисијата за европски прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.