Народниот правобранител ќе бара намалување на надоместокот што граѓаните го плаќаат за пренос и дистрибуција на електричната енергија. За ова веќе било поднесено и мислење до надлежните тела, но и сите останати субјекти вклучени во синџирот за  производство и пренос на струја. Од регионалната канцеларија во Струмица велат дека на ваков чекор се одлучиле откако се зголемил бројот на претставките што  граѓаните ги поднесуваат, а најголемиот дел од нив се однесувале токму на високите сметки  и надоместокот за мрежарина. Претходно народниот правобранител по сопствена иницијатива повел постапка и побарал одговори  од сите институции и и акционерски друштва, но од добиените информации немало јасна слика зошто сметките се толку високи.

Од регулаторната комисија со став дека работат согласно надлежности утврдени во законот за енергетика  и на тој начин ги определуваат цените. Според нив единствената причина за зголемување на цената за пренос на електрична енергија и дистрибуција претставува зголемениот трошик за набавка на електричната енергија за покривање на техничките загуби во преносната и дистрибутивната мрежа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.