Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2022 година е намален за 1,6 отсто во однос на истиот период лани, додека во август 2022 година бележи пад од 0,9 отсто во споредба со август 2021 година.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи опаѓање од 3,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,8, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,2 процента.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2022 година, во однос на август 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6, Капитални производи за 5,4 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.